Цветот од багремот помага при бројни здравствени проблеми

25

Цветот од багремот го има во изобилство во ова доба од годината. Тој помага при бројни здравствени проблеми, а најефикасен е за искашлување и намалување на телесната температура.

Багремот цвета од април до крај на мај. Цветот треба да се бере непосредно пред отворањето, да се исуши на сoнце и да се чува во затворен сад, за да не ја изгуби својата арома.

Цветот од ова дрво е полн со витамин Ц, етерично масло, шеќер, смола и танини, а семките се полни со протеини, јаглехидрати, витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, како и магнезиум, фосфор, железо, цинк.

За што е добар багремовиот цвет?

Багремовиот цвет помага при лекување на вируси, грчеви, кожни заболувања, лошо варење на храната, ја намалува телесната температура, го ублажува чувството на пецкање во желудникот, го зголемува излачувањето на урината од телото.

Цветот може да се користи и во исхраната доколку имате проблем со опстипација, доколку сте настинати или доколку имате срцеви болести.

Багремовиот цвет се користи во палачинките

Покрај добропознатиот багремов мед, треба да пробате чај од багрем. Се подготвува така што една лажица суви цветови багрем ќе прелиете со врела вода и ќе оставите течноста да отстои половина час. Потоа ќе ја процедите и ќе ја пиете (1-3 шолји дневно).

Цветовите од багрем претставуваат специјалитет во кулинарството. Можат да се пржат со смеса за палачинки, така што во класичната смеса за палачинки ќе додадете багремов цвет, па ќе ги правите на стандарден начин. Потоа посипете ги палачинките со шеќер во прав или пак ванилин шеќер.

Кој дел од багремот е отровен?

Старата кора од багремот е отровна и треба да внимавате. Истото важи и за листовите и суровите семки од багремот. Тие предизвикуваат слабост, ширење на зеницата, можни проблеми со повраќање, дијареја, ослабнување на пулсот и шок на организмот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.