Цигарите ве прават депресивни, а не ве смируваат!

Пушачите имаат 70 отсто поголеми шанси да страдаат од депресија и анксиозност, покажува нова студија.

Со студијата се опфатени 6.500 лица во период од над 40 години. Откриено е дека 18,3 отсто од пушачите страдаат од депресија и анксиозност, во споредба со десет отсто непушачи и 11,3 поранешни пушачи.

Во последната група се вбројувале лица кои не запалиле цигара подолго од една година.

Експертите велат дека е заблуда оти цигарите смируваат.

– Нашата студија покажа дека оставањето на пушењето го подобрува не само физичкото, туку и менталното здравје, вели водачот на студијата Роберт Вест, професор по психологија на Универзитетот во Лондон.

Пушачите мислат дека пушењето ги смирува, но тоа всушност ја зголемува анксиозноста и напнатоста. Кога ќе запалат цигара, тие всушност привремено го блокираат стресот предизвикан од недостиг на никотин во организмот, што го мешаат со вистинско опуштање.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.