Труење во „Сендвичара 7„ во Лептокарија – 12 лица во болница
На ден 18.08.2017 година Државниот санитарен и здравствен инспектор од подрачно одделение Карпош беше информиран од ЈЗУ Центар зајавно здравје – Скопје за добиени пријави за заразно заболување –Dg: Toxoinfectio alimentaris од страна на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби, за лица кои консумирале храна – сендвичи со плескавици и пилешко со кечап и мајонез, во објектот „Сендвичара 7„ лоциран на ул „Партизански одреди„ бр.62/1 л.17 и 18 во Скопје, информираше министерството за здравство.
Надзорот беше извршен во соработка со екипа од ЈЗУ ЦЈЗ-Скопје (специјалист епидемиолог и техничар ) и двајца инспектори од Агенција за храна и ветеринарство.
Од увидот е констатирана следната фактичка состојба:
-Општата санитарно-хигиенска состојба во објектот е добра. Во истиот не се врши подготовка на храна. Истата се спрема во централна работилница, лоцирана на ул „Борис Трајковски„ бб во Скопје и со две наменски возила се дистрибуира во овој и уште неколку објекти низ градот. За сите вработени лица -11 ,доставени се уредно заверени санитарни книшки во месец март 2017 година. Извршена е ДДД од овластена установа „Старс„ на 12.08.2017 година, стои во соопштението.
За бактериолошки мониторинг во врска со труењето од сендвичарата земени се;
– еден (1) примерок, испирок од раце на вработена која манипулира со меленото месо за плескавици,
– брисеви од грло и нос на три вработени кои послужуваат на пулт,
-4 бриса од работни површини и
-4 мостри од храна.
На барање на инспекторот за храна мострата „непечена плескавица„ нема да се користи за бактериолошка анализа ( со образложение дека е беспредметно бидејќи термички ќе се обработела).
Со оглед на тоа што постои работилница каде се приготвува месото, пирошките се изврши вонреден инспекциски надзор во истата.
Од работилницата земени се:
– испироци од раце на 4 присутни вработени лица (останатите 4 користат годишен одмор).Од нив се земени и брисеви од грло и нос.
– Земени се и 6 бриса од работни површини.
Вработените во работилницата имаат уредно заверени санитани книшки. Извршена е ДДД од овластена установа.
Во моментот на надзор, општата санитарно-хигиенска состојба е добра.
До завршување на вонредниот надзор бројката на лица со стомачни тегоби, проливи, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува; 9 лица згрижени на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби од кои 5 хоспитализирани и 4 амбулантски лекувани, а на инфективното одделение во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември„ во моментот во дневна болница беа згрижени уште тројца пациенти.
ЗАКЛУЧОК : ДСЗИ ПО Карпош записнички и со решение ја затвори сендвичарата и наложи превентивно да се се спроведат следните санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки:
1.Да изврши вонредно темелно механичко чистење на просторот, опремата и работните површини;
2.Да изврши вонредна дезинфекција,дезинсекција и дератизација од овластена установа – ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје;
3.Да се изврши вонреден здравствено хигиенски преглед на вработениот персонал.
Истите мерки е наложено да се спроведат и во работилницата на угостителскиот објект, информираше министерството за здравство.