Три добри навики за 7 години подолг живот!

За прв пат, научниците поврзале три здрави навики – непушење, одржување на нормална тежина и умерена консумација на алкохол – со седум дополнителни години живот.

Истражувањето, објавено во Health Affairs, исто така покажало дека тие дополнителни години се најчесто поминати во добро здравје и без инвалидитет.

Авторите на истражувањето се надеваат дека нивното откритие ќе биде повик за луѓето да ги променат нездравите навики.

За да  ги испитаат ефектите на специфични здравствени однесувања на долговечност, научници од Универзитетот во Мичиген и Институтот Макс Пленк, за демографски истражувања во Германија анализирале податоци на повеќе од 14.000 Американци, од 40 до 89 години, вршејќи испитувања околу нивното здравје и начин на живот секои две години.

Вкупно, мажите и жените во истражувањето имале очекуван животен век од 77.7 и 81.4 години. Но, луѓето кои никогаш не пушеле и имале индекс на телесна тежина помал од 30 (праг за дебелина), обично живеат четири до пет години подолго од општата популација.

Кога научниците ја вклучиле и консумацијата на алкохол, откриле дека оние кои умерено пијат – помалку од 14 пијалаци неделно за мажи и седум за жени, живееле седум години подолго од општата популација, како и тоа дека тие години во главно исто така биле поминати без инвалидитет.

„Овие откритија имаат импликации не само за поединците и нивните семејства, туку и за здравствениот систем во целина“, изјави водичот на истражувањето Нел Мехта од Универзитетот во Мичиген, кој овие дополнителни години ги нарекол „огромен бенефит“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.