Трчање или пешачење?

Што е подобро?

Подеднакво се добри и двете активности. Триесетина минути дневно велат дека е доволно, со тоа што, ако пешачите согорувате помалку калории, но пак тоа е поздраво оти постигнувате рамнотежа.

Главната причина зошто трчањето се претпочитало е дека се трошат повеќе калории. Пешачењето е исто кардио вежба, но не го поттикнува произведувањето на кортизолот, па нема да се чувствувате гладни. Затоа, оваа вежба се вбројува меѓу стабилните од низата кардиоваскуларни вежби. Да, пешачењето не произведува кортизол, но ги предизвикува хормоните на среќа и задоволство, серотонин и допамин кои ја мотвираат личноста.

Експертите не можат да се согласат во целост дали трчањето може да биде лошо за вашето здравје, затоа што страдаат колената, посебно кај покрупните луѓе. Со оглед на тоа дека овие луѓе имаат поголем индекс на телесна маса, нивните нозе потешко може да ја носат тежината и можат да се предизвикаат фрактури. Дали ќе се одлучите за трчање или пешачење зависи од вас. Сѐ е во вашиот личен приод – некому му годи трчање, некому пешачење.

Многу е важно да се прилагодите кон вашата здравствена состојба. Доколку трчате, тоа треба да го сторите во интервали, за да не се повредите. Луѓето со поголем број килограми не може веднаш да почнат со трчање поради болки во зглобовите и основно е да изгубат неколку килограми за да не го оптоваруваат телото.

Коментари

коментари