Трансплантација со матични клетки и во Македонија, помалку трошоци за лекување во странство!?

Ќе се намалуваат трошоците за користење здравствени услуги на осигурените лица за лекување во странство.

На предлог на Министерството за здравство, Владата на синоќешната седница утврдила текст на предлог-одлуки за почнување постапка за доделување лиценци за вршење здравствена дејност земање и пресадување клетки од човечко тело заради лекување-хематопоетски матични клетки, за лекување срце, панкреас, очни ткива, црн дроб, бубрези и бели дробови, соопшти владината прес-служба.

Во целите на иницијативата на Министерство за здравство се обезбедување соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите на населението, географска достапност на здравствените услуги, подобри здравствени капацитети и континуирана и квалитетна здравствена заштита.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.