Таравари со нов проект – ТВОЈ ДОКТОР за подобро запознавање на лекарите!

471

Како пациенти, во ординациите на докторите доаѓаме кога имаме некој здравствен проблем и тогаш лекот го гледаме во нашите доктори, но дали сте се запрашале што ги поттикнало нив да се занимаваат со оваа хумана и благородна професија?
Токму за да одговориме на овие прашања, решивме да започнеме нова практика – еднаш неделно со некој доктор од јавното здравство да поразговараме за тоа како одлучил да стане доктор, за позитивните искуства со пациентите, а пред сè да сподели случаи кога со својата посветеност спасил некој човечки живот.
Целта на ТВОЈ ДОКТОР е да ги запознаеме подобро нашите доктори и да Ве инспирираме и Вас да споделите позитивни искуства со докторите во нашата држава.
Само со заедничка соработка со докторите може да поттикнеме позитивни промени во нашето здравство, пишува на интернет страницата на Министерството за здравство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.