Таравари си оди, Татеши нов министер за здравство?!
Арбен Таравари, неофицијално, деновиве ќе го напушти министерскиот кабинет и ќе води кампања за градоначалничката фотеља во општина Гостивар. Според информациите на Сител, овој ресор ќе продолжи да го води кадар од Алијансата за Албанците. Неофицијално, во игра се три лекари. Беким Поцеста директор на Кардиологија, Беким Татеши прв човек на Клиниката за очни болести и Фатмир Меџети невролог и колега на Таравари. Сите тројца според информациите на Сител се блиски соработници на Таравари. Од партиски извори дознаваме дека најголеми шанси за водење на здравствениот сектор има Татеши кој уживал голем рејтинг кај своите сопартијци. Во тој случај ќе се испразни и директорското место на очна клиника.
Албански медиуми пренесуваат дека Таравари ќе биде министер до 14 септември по што ќе се повлече но ќе доаѓа во министерството за го советува својот наследник. Неговата одлука да го напушти секторот здравство и да премине во локалната власт ја разбранува јавноста. Некои го подржаа но многумина и му замерија што нема да биде министер. Дел од експертите, пак, не се согласуваа и со идејата да седи во министерското столче и да води кампања. Дали тоа е законски или не, одговор нема и антикорупциската комисија која надлежноста ја префрли во ДИК.