СЗО испраќа експерти во Кина кои ќе се обидат да го утврдат потеклото на вирусот

Експерти на Светската здравствена организација во следните два дена ќе престојуваат во Пекинг за да ги постават темелите за една поголема мисија чија цел е да се истражи потеклото на коронавирусот во Кина.

Еден ветеринар и еден епидемиолог утре и задутре во Пекинг ќе се обидат да го утврдат опсегот и задачите на идната мисија чија цел ќе биде да се утврди како вирусот од животно преминал на човек, соопштија од СЗО.

Научниците засега веруваат дека вирусот потекнува од лилјаци, а потоа преку друг цицач преминал на човек на пазар за свежа храна во Вухан кон крајот на минатата година.

Досега се појавија разни теории околу потеклото на вирусот и мисијата на Светската здравствена организација би требало да разјасни многу работи.

Една од теориите исто така е дека вирусот настанал вештачки, односно дека бил создаден во Институтот за вирологија во Вухан, од каде што поради безбедносен пропуст се заразиле луѓе, по што заразата се проширила низ целиот град.

извор: tocka.mk

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.