Светски трендови за разубавување кои се опасни за здравјето!

Исправување на косата со кератин

Третманите со кератин веќе подолго време ги загрижуваат докторите. Бразилското исправување навистина би требало да ве загрижи, бидејќи од оваа година двата најголеми произведувачи на овој третман со овој производ ќе огласуваат и предупредувања за канцерогеното делување на формалдехидските гасови кои се испуштаат додека производот се меша.

Инекции за обликување на задникот

Силиконот не е одобрен за вбризгување во луѓе, но сепак ова стана брзорастечки тренд. Многу самите си го вбризгуваат дома или тоа го прават несовесни „експерти“. Едноставно немојте да бидете толку неразумни.

Темнење во солариум

Дури и ако не претерувате со солариумот, само еден единствен третман кој ви дава „здрав сјај“ создава 29 отсто поголема веројатност да развиете карцином на базалните клетки и 69 отсто поголема можност да се развие карцином на планоцелуларните клетки – два вида смртоносен рак на кожата.

Педикир со рипчиња

Третманот со рипчиња „Garra rufa“ звучи симпатично – ги ставате нозете во аквриумот и рипчињата кои немаат заби ќе ви ги изгрицкаат мртвите клетки на кожата. Меѓутоа, британската анализа спроведена во низа вакви салони покажала дека клиентите на овие услуги можат да се заразат со бактерии отпорни на антибиотик како што се Vibro vulnificus, Vibro cholerae, S. Agalactiae, па дури и Streptococcus agalactiae, и така да добијат воспаление на белите дробови и други опасни инфекции.

Депилирање на бикини зоната со восок

Докторката Емили Гибсон, дерматолог од Велика Британија, објаснува дека депилацијата на срамните влакна создава мали рани на кожата поради што лицето е особено склон на инфекции – било со бактерии кои веќе се наоѓаат на гениталното подрачјето, или сексуално преносливи болести.

– Срамните влакна навистина имаат цел. Тие обезбедуваат своевидна „перница“ против триење кое инаку може да предизвика ситни повреди на кожата, а и не штитат од бактерии, појасни таа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.