Супер маски за лице директно од вашиот фрижидер

Супер свежи маски

Овој период е вистинско време да го освежите вашето лице со супер свежи маски! И наместо да трошите пари на скапи маски, искористете ги намирниците од вашиот фрижидер.

Beautiful young woman with clean skin of the face. Pretty female posing on white background

Пилинг од овесни снегулки: За да се решите од мртвите клетки на кожата, не ви се потребни скапи пилинзи. Едноставно измешајте две лажици овесни снегулки, две лажици сода бикарбона и малку вода, за да добиете густа смеса што потоа ќе можете да ја размачкате на лицето. Околу две минути, втријте ја смесата во лицето, а потоа измијте го со топла вода.

Маска од мед и цимет: Многу девојки низ светот се вљубени во оваа маска, која покрај тоа што е едноставна за подготовка, таа е исклучитело ефикасна и хранлива за кожата. Измешајте три лажици мед со една лажица цимет во прав и оставете ја 30 секунди во микробрановата печка. Кога маската ќе се излади, нанесете ја на лицето и на вратот, а потоа измијте ја со млака вода. Медот ќе ја нахрани вашата кожа, а циметот со неговите антимикробни својства ќе и помогне на вашата кожа во борбата против акните, со оглед на тоа што ги убива бактериите и превентивно делува на инфекциите.

 

Маска од краставица и јогурт: Ако вашата кожа е сува и склона кон лупење, задолжително пробајте ја оваа маска. Земете една помала краставица, излупете ја и ставете ја во блендер. Мешајте сѐ додека краставицата не се претвори во лесна смеса. На краставицата додадете и една лажица јогурт. Маската нанесете ја на целото лице и оставете ја да делува од 20 до 25 минути, а потоа измијте ја со млака вода.

 

Коментари

коментари