Студенти се затруле од парфемот на нивна колешка која се намирисала во училница!

Шеснаесет студенти беа хоспитализирани во Татарстан, Руска Федерација, поради труење откако една студентка нанела парфем во училницата, објави денеска регионалното министерство за здравство.

– Кај студентите од колеџот за наставници се јавиле симптоми како што се мачнина, вртоглавица и повраќање откако студентката се попрскала со парфем, изјави директорот на локалната болница.

Сите тие се во добра состојба и им е дијагностицирано труење со непозната супстанција, додаде тој.

Регионалната комисија за истраги објави дека започнала кривична истрага за масовно труење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.