Странец си ја скршил раката за време на Супер купот во Скопје

Во текот на вчерашната вечер, за време на Супер купот на УЕФА, не е регистрирано зголемување на вообичаениот број интервенции, соопшти Министерство за здравство.

На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

И Ургентниот центар во комплексот клиники информира дека ноќта поминала мирно, без зголемен број интервенции.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.