Стомачни бактерии може да ја спречат ефективноста на лековите за рак

Истражувачи откриле дека уникатни микробиоми кај здравите луѓе предизвикуваат нивното тело да метаболизира одредени лекови на различен начин. Тоа значи дека бактериите кои живеат во нашето тело може да контролираат дали некој лек ќе ни делува или не. Конкретно, истражувачите во најнова студија откриле дека иринотеканот (хемотераписки лек) предизвикува дијареја кај некои пациенти бидејќи нивните тела произведуваат β-глукуронидаси.

Телото може да ја модификува хемиската структура на иринотеканот и на сличните лекови кои содржат хемикалија наречена глукуронидат, овозможувајќи му на црниот дроб да ги детоксифицира. Меѓутоа, бактериските ензими во стомакот ги отстрануваат глукуронидатите, правејќи го лекот токсичен.

Со студијата, истражувачите откриле дека кога здравите луѓе земале иринотекан, субјектите кои се разболеле со дијареја имале високи нивоа на β-глукуронидаси во нивните микробиоми. Тие исто така имале повисоки нивоа на протеини кои го носат шеќерот во клетките, што значи дека кај нив постои голема шанса за развивање гастроинтестинални проблеми поради апсорпцијата на токсичната состојка.

Тимот истражувачи наредно планира да ја тестира оваа теорија и кај пациентите со канцер.

Доколку резултатите се повторат, ќе биде потребно менување на исхраната на пациентите и додавање на ензимски инхибитори во неа кои бактериите во стомакот би ги хранеле со нешто друго, за да не влијаат на ефикасноста на лекот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.