Стјуард тешко се повредил при слетување на авионот на аеродромот во Скопје

Синоќа од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето В.К.28 години од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард, стои во дневниот билтен на МВР. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека В.К. се повредил околу 18.05 часот во авионот. Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при штои В.К. паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во тој период на Меѓународниот аеродром во Скопје вчера слетал само авион на компанијата Wizz air.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.