Станков: Додека не заврши ДНК анализата, не може да се утврди точниот број на настрадани во несреќата

Директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков во изјава за МИА вели дека на местото на автобуската несреќа во Бугарија се пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата.

– Додека не заврши ДНК анализата не може да се утврди точниот број на настрадани лица. Направени се 44 обдукции, но увидени се и остатоци од тела коишто ќе се поврзат со ДНК анализата. Треба да почекаме да се испитаат овие остатоци и тогаш точно ќе видиме колку лица биле настрадани, изјави Станков.

Станков потврди дека кога ќе бидат готови извештаите од македонските лекари од судска медицина, кои овие денови беа во Софија, истите ќе бидат предадени на бугарските власти.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.