Стабилна е состојбата на деветгодишното дете, има влошување кај двајца повредени патници хоспитализирани на КАРИЛ

206

Стабилна е здравствената состојба на деветгодишното дете кое се здоби со тешки повреди на раката при превртувањето на автобусот кај Велес. Сеуште е на КАРИЛ и е под надзор на тим лекари. Не се исклучува можноста од нова операција за да се врати функцијата на левата рака, информираат за Сител од оваа здравствена установа.

Во текот на денот се влошила состојбата кај двајца пациенти хоспитализирани на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување и тие постојано се следат од лекарите, а кај други двајца сместени на истото одделение има подобрување.

Од седумината повредени патници кои беа примени на ортодедија петмина се пуштени на домашно лекување, а другите двајца кои биле со посериозни скршеници ќе останат уште неколку дена на Клиниката.

Од Старата градска болница информираат дека кај нив се задржани само двајца пациенти со потешки повреди на грбот и треба да бидат оперирани. Сите петмина кои беа префрлени во болницата во Велес пуштени се дома.

Денеска околу пладне со кран беше извлечен автобусот од бездната во близина на велешката патарина и однесен е на технички преглед кој треба да ги открие причините за несреќата во која една жена загина, а повредени се 27 македонски туристи кои се враќале од одмор од Грција.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.