Србинка вработена во Оксфорд прозборе за делта сојот

571

Вирусот Делта е многу позаразен и поопасен од другите и затоа е многу важно да се вакцинираат што е можно повеќе граѓани со обете дози, вели Марија Зариќ, имунолог од Србија, која работи во „Џенер институтот за развој на иновативни вакцини “во Оксфорд, објави Н1.

Зариќ посочи дека е забележано зголемување на бројот на лица заразени со вирусот корона во Велика Британија, но дека ова зголемување не влијае на бројот на хоспитализирани лица.

Исто така, шефот на европскиот огранок на СЗО, Ханс Клуге, предупреди на „нов бран во европскиот регион доколку граѓаните не бидат дисциплинирани“.

– Делта сојот има повеќе мутации што се чини дека му даваат предност во однос на другите соеви. Една од мутациите му помага многу побрзо и полесно да се поврзе со нашите клетки, така што придонесува за полесно заразување и ширење на инфекцијата, бидејќи вирусот полесно преминува од клетка во клетка. Овие мутации едноставно го прават овој вид многу позаразен и опасен од кој било друг вид што се појавил во светот досега. Проценето е дека делта сојот е стопроцентно попренослив во однос на алфа сојот, односно од британскиот сој, што е и самиот повеќе пренослив од оригиналниот вид што се појави во Кина – изјави Зариќ.

Според неа, затоа научниците веруваат дека овој вид станал доминантен на глобално ниво, токму поради таа преносливост.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.