Спиењето со отворена уста може да биде опасно!

Спиењето со отворена уста може да предизвика проблеми со забите, а во екстремни случаеви би можеле и да останете без нив.

Струењето на воздухот помеѓу забите ја суши плунката која инаку ги чува забите. Може да биде штетно како и честото пиење на газирани пијалаци, пренесува Вечерњи лист.

Од истата причина, со помала количина на плунка би можеле да имате и непријатен здив.

Доколку спиете со отворена уста, постои можност да се разбудите уморни. Недостатокот на воздух предизвикува чувство на умор, а спиењето со отворена уста значи и мал проток на кислород во белите дробови.

Уште една непријатна појава од овој начин на спиење се испукани и суви усни. А, причината поради која спиете со отврена уста е прекумерната тежина и проблеми со дишењето преку нос.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.