Специјализантите и млади лекари повикаа на масовен протест

Доста е!

150

Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари остро реагираат на последната вест за претепаниот доктор од Клиничката болница во Тетово, кој бил нападнат на работното место. Тие велат дека е доста и повикуваат на општ и масовен протест.

„Доста е!

 

АСМЛ ги повикуваме сите синдикати, стручни, еснафски здруженија и други чинители во фелата, на координација за итно организирање на општ и масовен протест на сите медицинари во државава, се до конечно и соодветно решавање на проблемот со насилство врз медицински работници!

 

Оваа држава не превзема ништо конкретно и сериозно во правец на решавање на ситуацијата, оттука, работите мора да ги превземеме во сопствени раце!
Доста бевме неми набљудувачи, велат од АСМЛ.“

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.