Спас за лицата кои се дементни: Научници пронашле лек!

283

Британски научници на чекор да ги спречат сите невродегенеративни болести на мозокот, вклучувајќи ја и деменцијата. Тие се надеваат дека успеале да пронајдат лек за овие состојби,  соопшти Советот за медицински истражувања на Велика Британија.

Нивниот тим на истражувачи успеал во 2013 година да го запре умирањето на нервните ќелии кај животните и тоа откритие со денови беше на насловните станици на весниците ширум светот, пренесува BBC.

Користената компонента во лековите, сепак не била погодна за примена кај луѓето, дури и предизвикала оштетување на органите.

Тимот научници пронашол два нови лека кои имаат еднакво заштитно дејство на нервните ќелии и можат безбедно да се користат кај луѓето.

Клиничките истражувања врз пациенти кои боледуваат од деменција ќе започнат наскоро, а резултатите од делотворноста на лекот ќе бидат објавени за три години.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.