Состојбата на ноктите открива болести на бели дробови, црн дроб, бубрези…
Експертите тврдат дека состојбата на ноктите открива различни здравствени проблеми – на белите дробови, бубрезите, црниот дроб, артритис, дефицит на витамини и минерали, физички стрес, неухранетост, рак и други.
При анемија и псоријаза, на пример, ноктите формираат дупки. Кога ноктите се бледи, тоа укажува на намалување на нивоата на албумин во крвта, тврди „The Deccan Chronicle“.
Со недостаток на кислород, ноктите се крвави, а инфективниот ендокардит е виновен за крварење на кожата под ноктите.
Експертите тврдат уште дека при недостаток на витамини, калциум и протеини во храната ноктите често стануваат кршливи, а поради дефицит на железо – вдблабнати. Експертите раскажаа и за млада жена, кај која беше откриен рак, откако по посета на маникир, била посоветувана да се обрати до лекар.
Деформитетот на ноктите е еден од симптомите на емфизем. Мали дупки може да се формира кај егзема и артритис. Хоризонталните линии на ноктите се знак на физички стрес. Тие исто така се појавуваат по хемотерапија.