Состојба со коронавирусот во светот до 10 часот

– Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 860.184 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 42.344, а оздравеле 178,442 луѓе.

– Во Словачка пријавен е првиот смртен случај од последици од новиот коронавирус. Во земјата досега се регистирани 363 инфицирани пациенти.

– И во Оман е регистриран првиот смртен случај од последици од Ковид-19, каде има 192 заразени лица. – Во Австрија и понатаму расте бројот на инфицирани лица со Ковид-19 и се искачи на 10.185 луѓе, од кои 133 починале.

– Во Канада во последните 24 часа зголемен е бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус за 1.111 со што вкупниот број изнесува 8.548, од кои 96 починале. Поради пандемијата во најголемиот канадски град – Торонто откажани се сите јавни настани до 30 јуни.

– Бројот на потврдени случаи во Германија изнесува 67.366, од кои 732 луѓе починале од последици од новиот коронавирус.

– Во Индија инфицирани се 1.397 луѓе со Ковид-19 од кои 35 починале, а 124 оздравеле. Индискиот премиер Нарендра Моди апелираше до локалните власти да обезбедат строго почитување на карантинот.

– Во Јужна Кореја во последните 24 часа потврдени се 101 случај, со што бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус се искачи на 9.887, додека вкупно починале 165 луѓе, а оздравеле 5.567 лица.

– Во Бугарија вкупниот број на заразени луѓе со Ковид-19 изнсеува 412. Во Русе е регистриран првиот случај кај маж кој се вратил од Австрија.

– Во Босна и Херцеговина забележани се четири нови пациенти со што бројот на инфицирани луѓе се искачи на 424, од кои 17 оздравеле, а 13 починале.

– Во Унгарија вкупно заразени со новиот коронавирус се 525 луѓе, од кои 20 починале, а 40 оздравеле, додека 61 човек се во карантин.

– Во Црна Гора во последните 24 часа регистирани се 11 новозаболени од новиот коронавирус, со што бројот на инфицирани се искаќи на 120.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.