Сопственикот на ,,Медикус“ е осуден на 7 години затвор за илегална трансплатација и трговија со човечки органи
Љутфи Дервиши, сопственик на клиниката “Медикус” од Косово, е прогласен за виновен и е осуден на седум и пол години затвора за илегална трансплатација и трговија со човечки органи.
Оваа пресуда ја донесе Основниот суд во Приштина, по неколу години судски процес.
,,Докажано е дека Љутфи Дервиши, како сопственик и со лично учество на операциите, иако знаел дека прави недозволени дејствија, продолжил во повеќе наврати да регрутира ,,донатори“ на органи и да ги трансплатира во приматели, односно пациенти“-се вели во пресудата.
Дервиши со неговиот ,,тим“, извел најмалку 23 трансплатации на бубрези во 2008 година, така што на сиромашни дарители им плаќал одредени суми пари, а органите потоа ги продавал и транспплатирал на богати клиенти, најмногу од Израел, за 80.000 до 100.000 евра.
Извор:Танјуг