Сонцето го зајакнува имунитетот!

255

И покрај тоа што носи многу непријатности, сонцето може да биде вашиот сојузник. Затоа, претпазливо опуштете се во овие топли месеци, советуваат експертите. Сонцето е главен извор на УВБ зраците, кои овозможуваат производство на витамин Д3, а тоа е од суштинско значење за изградба на коските, ја зголемува силата на имунолошкиот систем, го намалува ризикот од срцеви и бубрежни заболувања, хипертензија, дијабетес и рак. Од друга страна, долгорочна изложеност на УВ светлина, која доаѓа од сонцето, предизвикува рак на кожата, нејзино стареење и очни болести како што се катаракта.

Се уште не постои консензус за оптимална должина на изложеност на сонце, со што ќе се направи билансот на ризиците и придобивките од сонцето Сепак, се верува дека на здравите луѓе за добивање на адекватни количини на витамин Д е доволно да двапати неделно меѓу пет и 30 минути бидат изложени на сончева светлина и тоа лицето, горниот дел од рацете и рацете, нозете, или грбот (без нанесување креми за сончање).

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.