Сокот од дренки е одличен за детоксикација, имунитет и здрави црева
Познатата народна изрека „здрав како дрен“ не е случајно измислена. Дренките се синоним за здравје, затоа што содржат бројни витамини и минерали корисни за целиот организам.
Детоксификација – Редовното користење на сок од дренки ја подобрува работата на црниот дроб и на бубрезите, органи преку кои се преработуваат токсините. На тој начин се олеснува исфрлањето на отровите од телото и освежување на сите системи.
Имунитет – Дренките имаат повеќе витамин Ц од портокалите. Овој витамин е познат антиоксиданс и му помага на организмот во борбата против слободните радикали. Освен тоа, содржат цинк, калиум, магнезиум, железо…Несомнено е дека овие плодови или сокот од нив, можат да го окрепат телото од глава до петици, да му дадат енергија и сила да се бори со вирусите и инфекциите.
Здрави црева- Дренките се многу богати со танин, кој помага против дијареа и проблеми со варење на храната. Здрави црева значат добра основа за здрав организам, затоа, дури и да е само превентивно, не се двоумете и конзумирајте сок од дренки.
Како да подготвите сок од дренки?
1 кг. дренки
2 л. вода
1 кг. шеќер
Измијте ги дренките убаво и ставете ги да се варат, додека не омекнат (околу 20 минути). Потоа извадете ги од водата и испасирајте ги и на тој начин отстранете ги коските. Испасираните дренки ставете ги во газа и процедете убаво. Добиената течност измешајте ја со водата во која се вареа дренките, додадете го шеќерот и варете уште 20-тина минути.