Софијанова: И имунолошкиот систем може да биде причина за аутизам!

874

Ако трудницата има висока телесна температура во втората половина од бременоста, голем е ризикот да роди дете со аутизам. Ова е заклучокот на последното децениско истражување од Универзитетот Колумбија, кои испитале над 95.000 деца родени во Норвешка во периодот од 1999 до 2009 година. На 15 000 од нив мајките имале температура додека биле трудни, а кај 583 е идентификуван аутизам. За педијатрите овој научен труд може да објасни многу работи и да помогне да ги бараат реалните причини за оваа состојба.

– За ова дискутиравме и пред една недела на Европската академија на педијатри во Букурешт. Да ги знаеме реалните причини и да ги превенираме доколку можеме. Односно, ако знаеме дека некои мајки почесто имаат температура во бременоста, да ги следиме и нив за врееме на бременоста но и децата кога се родат за доколку има нешто да биде навреме и рано дијагностицирано, вели Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести.

Софијанова вели дека аутизмот е голема енигма за педијатрите, а во светски рамки за 7 пати е зголемен бројот на деца со ваква состојба. Според неа, добро е што повеќе не се прават споредби дека вакцините се причината, туку таа да се бара и во имунолошкиот систем. Високата температура, за директорката на детска клиника е знак дека се случува нешто со имунитетот.

– Температурата е секогаш знак кој ако добро го разбреме ни кажува што се случува а таа температура може да влијае и на плодот, вели Софијанова.

Според податоците од истражувањето ризикот од аутизам е дополнително зголемен за 40 отсто кај децата чии мајки имале висока температура за време на второто тримесечје од од бременоста. Оние пак, кои имале најмалку трипати зголемена температура по 12. недела од бременоста, ризикот за појава на аутизам бил зголемен за 300 отсто.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.