Со што најмногу се опседнати жените?

392

Една од осум испитани жени изјавила дека многу повеќе е загрижена за состојбата на рацете отколку за лицето, додека 36 отсто се загрижени за двете нешта подеднакво.

Додека за подмладување на лицето и другите делови на телото постојат инјекции и операции, за рацете не е таков случај. Всушност рацете се тие кои откриваат колку навистина имааме години.

Најголем загриженост предизвикуваат пегите кои жените се обидуваат да ги скријат со шминка, утврдено е во истражувањето.

Дерматолозите нагласуваат дека рацете константно се изложени на сите влијанија, од сонце до средства за чистење, а мнозинството не ги негуваат додека не биде доцна.

Но, Британската асоцијација на пластични хирурзи порача дека не треба да се очајува, затоа што постојат техники кои можат да ги скријат знаците кои ги издаваат годините.

Постојат супстанци кои се вбризгуваат и ја рехидрираат сувата и тенка кожа, а инјекциите со маснотии го намалуваат отокот на рацете и натечените вени. Треба да се избегнува сапун и директно изложување на сонце.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.