Со проектот „Исправи се“, општина Центар ќе ги открива деформитетите на ’рбетниот столб кај првооделенците
Општина Центар втора година по ред го спроведува проектот „Исправи се“ во соработка со ординацијата за физикална медицина и рехабилитација „Твое Здравје“.
Во соопштението од Општина Центар наведуваат дека искривувањето на ’рбетниот столб како сколиоза, лордоза, кифоза, неправилно држење на телото и деформитетите на долните екстремитети и на стапалата, се потенцијална опасност за децата од основните училишта.
Во насока на превенција и рано откривање на овие деформитети, направени се дијагностички превентивни прегледи на ’рбетниот столб и на долните екстремитети на 536 ученици од прво одделение од седумте основните училишта на општина Центар.
Прегледите од стручни лекарски тимови ќе помогнат во навремено дијагностицирање на какви било деформитети на ’рбетниот столб, како и препораки за понатамошно дејствување