Со помош на мачки луѓето со деменција можат да го вратат помнењето!
Луѓето со деменција, ќе можат да си го вратат помнењето, а во програмата се вклучени бездомни мачки, тврди д-р Ребека Хамилтон, која и самата згрижува улични мачиња.
Имено, таа во соработка со локалното прифатилиште, донела мачки во болницата во која таа е директорка.
Идејата е повозрасните пациенти кои имаат проблеми со помнењето, да се грижат за мачките. На тој начин ги ублажуваат симптомите на нивните болести. Всушност, веќе е познато дека чувајќи ги мачињата, тие стануваат помалку осамени и депресивни.
Покрај тоа, стручните лица сметат дека таа дружба влијае и на меморијата на пациентите, кои почнале да се присетуваат на разни нешта од своето дамнешно минато.