Со овој домашен чај може да изгубите и до 5 килограми

Чаевите за слабеење се секогаш актуелни. Нема потреба да купувате чаеви за слабеење, кога најдобриот и домашен може да си го направите и самите.

Подготовка на чајот за слабеење:

Измешајте еднакво количество на рузмарин, коприва, глуварче, бреза, коњско опавче, анасон и тегавец и ставете ги во сад.

Употреба: Употребувајте три до четири супени лажици на литар превриена вода, поклопете и оставете така да отстојат 15 минути, потоа процедете.

Совет: Пијте по еден литар од оваа чајна мешавина дневно во комбинација со една до две шолји зелен чај.

За слабеење може да го употребувате и чајот од коприва. Една до две мали лажички сушени ливчиња од коприва прелијте ги со 250 милилитри врела вода. Оставете да отстои 5 минути, па процедете. Ова е доволно за една шолја чај.

Освен што ќе слабеете, вашето тело ќе доживее и потполно „препородување” поради вносот на копривата. Со копривата ќе го намалите крвниот притисок, ќе ги исчистите крвните садови од холестерол, но и ќе го забрзате метаболизмот.

Неизбежен чај кога веќе зборуваме за слабеење е и зелениот чај. Зелениот чај помага за да се ослободите од вишокот на телесна тежина доколку редовно го консумирате.

Зелениот чај е природен антиоксиданс кој го регулира варењето, ги топи масните наслаги и го буди организмот.

Употреба: Зелениот чај вообичаено се зема во дози од 300 до 400 mg полифеноли (активна супстанца во зелениот чај) дневно. Една шолја од овој чај содржи 50 до 100 mg полифеноли.

Совет плус: Ако решите да слабеете со помош на чаеви, задолжително регулирајте ја и исхраната. Не може да очекувате никакви чуда ако и самите не направите некакво чудо! Пиењето на големо количество на чај бара намалување или комплетно исфрлање на кафето. Чајот содржи кофеин, па уште и ако пиете кафе, вашето тело ќе доживее шок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.