Со овие три напитоци кажете им збогум на масните наслаги

Рецепт за три вкусни напитоци

Ако сакате на време да се збогувате со масните наслаги, особено после празничниот период, започнете уште од сега да работите на случајот.

Ваш сојузник во таа борба ќе бидат бананите. Иако веројатно честопати сте слушале дека бананите се овошје што треба да се избегнува при диета, сепак овој пат тие сè клучен дел од создавањето совршена фигура.

Природните шеќери како фруктозата, сахарозата и глукозата се одличен извор на енергија за вашето тело, па со консумирање токму на бананите, ќе го елиминирате лажното чувство на глад што често нѐ доведува до внесување на различни закуски. Бананите се користат и како главна состојка во диеталните напитоци во кои се додаваат и различни семки, друг вид овошје и претежно спанаќ како природни „непријатели“ на мастите. Покрај тоа што ваквите напитоци се неверојатно вкусни, тие ќе му ги овозможат на вашето тело потребните витамини и минерали.

Во продолжение ви предлагаме три вкусни напитоци од банана кои многу ќе му помогнат на вашиот метаболизам, а и ќе ви овозможат енергија во текот на целиот ден.

 

Банана+портокал

Состојки:

-Една банана

-Еден портокал

-Две мали лажички сурутка во прав

-Две мали лажички ленено семе

 

Банана + шумско овошје

Состојки:

-Една банана

-Една шолја свежо овошје по избор (боровница, малини, брусница)

-Една мала лажичка мед

-Една мала лажичка рендан ѓумбир

-Пола шолја млака вода

 

Банана + спанаќ

-Една банана

-200 гр.свеж спанаќ

-Пола шолја јогурт со низок процент на масленост

-Третина шолја овесни снегулки

-Една мала лажичка мед

 

Подготовката за сите овие здрави напитоци е сосема иста. Она што е единствено потребно е да ги ставите сите состојки во блендер и добро да ги измешате. Најдобро ќе се чувствувате доколку истите ги испиете за доручек, бидејќи тогаш организмот најдобро апсорбира и ги препознава состојките што ги внесувате, но можат да бидат одлична ужина меѓу оброци или вечера.

Коментари

коментари