Со овие неколку пијалоци ќе ја победите несоницата
Неколку истражувањата покажуваат дека премногу или премалку спиење го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и депресија. Поради ова, експертите препорачуваат возрасните да се обидат да спијат од 7 до 9 часа секоја вечер. Понекогаш е тешко да заспиете во вечерните часови а овие сокови и чаеви можат да помогнат при несоница.
– Камилицата природно помага при напнатост и несоница. Доколку козумирате 400 мг екстракт од камилица или пиењете чај од камилица 2 до 4 недели, значително го подобрува квалитетот на спиењето.
– Екстракт од корен од Валеријана или чајот исто така ги ублажува симптомите на несоница. Една студија која вклучува жени во менопауза, открила дека земањето додатоци со 530 мг валеријана двапати на ден за 4 недели, допрнесува до подобрување на квалитетот на спиењето кај 30% од учесниците во студијата.
– Чајот од нане го подобрува варењето и ги ублажува дигестивните проблеми и со тоа придонесува подобро да спиете. Ментолот од ова растение делува како релаксатор на мускулите и со тоа помага да се ослободите од стресот.
– Сокот од цреша и особено сокот од вишна содржи значителна количина мелатонин, хормон кој ја регулира будноста и спиењето. Во едно истражување во кое учествувале 30 луѓе, кои пиеле сок од вишни двапати на ден, покажало дека тие спиеле мирно во текот на ноќта, без будење. Друго пак истражување открива дека пиењето две чаши сок од вишна го продолжува времетраењето на спиењето до 84 минути кај возрасни лица кои патат од несоница.