Со овие намирници ќе го зајакнете имунитетот

140

Исхраната која вклучува храна богата со состојки за зајакнување на имунитетот – витамини А, Д, Е и Ц, селен, цинк се клучни во борбата против вируси и за зајакнување на имунитетот.

Витамините и суплементите се корисни за многу луѓе кои сакаат да го зајакнат имунитетот во сезона на настинки, грип и коронавирус. Најдобриот начин да го зајакнете имунитетот е преку исхраната. Ова се некои од намирниците кои треба да ги јадете.

Јајца

Јајцата се можеби една од најздравите намирниц. Едно јајце содржи само 75 калории, 7 г протеини, 5 г масти и 1,6 г заситени масти, железо, витамини и минерали.

Јајцата кои се богати со витамин Д и Б12 се одличен начин да го зајакнете имунитетот. Витаминот Б12 и витаминот Д се неопходни за создавање на бели крвни зрнца кои создаваат антитела, а витаминот Д ги контролира и воспаленијата во телото.

Пиперка

Пиперките содржат моќни антиоксиданти кои се борат против болести. Имаат повеќе витамин Ц од портокал. Една шолја сечкана пиперка содржи дури три пати повеќе витамин Ц од препорачаниот дневен внес.

Лук

Лукот содржи алицин, антиоксидант кој може да ви помогне во зајакнување на вашиот имунолошки систем, според истражувањето објавено во Food Science & Biotechnology. Лукот е богат со аминокиселини и ензими кои го штитат здравјето на цревата.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед содржат висок процент на незаситени масти кои во организмот се борат против воспаленија, како и витамин Е кој помага при зацелување на оштетените клетки.

Кефир

Кефирот содржи пробиотици кои се всушност добри бактерии кои играат важна улога во имунолошкиот систем на човекот. Кефирот е богат со витамини и минерали, а одличен е за луѓето кои се нетолерантни на лактоза.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.