Со овие намирници ќе го прочистите телото по прејадување со тешка и масна храна

Празниците се замка за прејадување и пијанење. Баш тогаш треба сѐ да се изеде и испие…

Празничниот период значи и дека на трпезата често ќе се најдат мрсни видови храна, како разновидни пити, руска салата, кифли, печено месо, а сето тоа често е проследено со по некоја чаша вино или нешто жестоко.

Сосема е очекувано дека при ваков избор на храна може да претерате со внесената количина, но добра вест е што веќе од наредниот ден можете да воведете поздрави навики и за кратко време да го прочистите телото.

Овие намирници ќе ви помогнат во тоа:

Чиа семе

Само две лажички потопени во јогурт или во вода ќе ви помогнат да му обезбедите на телото доволно растителни влакна кои ќе влијаат врз варењето, а антиоксидансите ќе помогнат да се ослободите од отровите.

Супа од коска

Било да сте готвеле пилешко или телешко, од водата во која се варело можете да подготвите супа која е богата со електролити, но и со други нутритивни состојки кои веднаш ќе ја подобрат ситуацијата во вашиот организам.

Сок од алое вера

Сокот од алое е одличен за чистење на цревата, а и го подобрува варењето. Можете да го купите во аптека, го има од повеќе производители.

Чај од корен од глуварче

Овој чај ја намалува подуеноста во дигестивниот систем, а со редовно пиење го забрзува метаболизмот, а со тоа и слабеењето.

Јатки

Јатките ќе ви помогнат да се ослободите од подуеноста, а и решаваат повеќе проблеми со чувствителниот дигестивен систем.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.