Со нож прободен доктор вработен на Токсикологија пред влезот на Клинички
Со нож на влезот на Клинички синоќа бил нападнат и прободен два пати во стомакот и половината лекар вработен на Клиниката за Токсикологија.
Директорот на Клиниката д-р Нико Беќаровски изјави дека нивниот колега бил нападнат на влезот од Клинички центар во 19.30 часот кога доаѓал на работа, бидејќи требало да биде дежурен, а смената му почнувала во 20 часот. Повредениот доктор е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија и е надвор од животна опасност.
Повредениот лекар е на 48-годишна возраст, а на Клинички работел околу 20 години од последните 6 години е вработен како специјалист на Клиниката за токсикологија.
Неофицијално бил висок функционер на партијата Алијанса за Албанците.