Со кокосово масло до побели заби

Практична употреба на кокосовото масло

Кокосовото масло има неверојатни лековити својства, може да се користи во исхраната, како домашен лек, а во последните години сѐ повеќе се користи и како дел од третманите за убавина.

Во продолжение ќе ви презентираме неколку начини како да го користите во секојдневието, кои веруваме не сте ги знаеле, а се практични и корисни:

Гел за бричење – Доколку сѐ уште не сте ја пробале оваа метода, тогаш истата е задолжителна за викендов. Заменете ја пената или гелот за бричење со малку кокосово масло што и овозможува одлична хидратација на кожата.

Нега на ноктите – Направете си сама маникир со тоа што околу ноктите, но и на нив, ќе ставите малку кокосово масло и добро ќе го втриете во кожата. За многу кратко време, ноктите ќе ви бидат сјајни и поздрави од кога и да е.

Паста за заби – Кокосовото масло можете да го користите и како паста за заби. Истото има антибактериско дејство и е одлично во борбата против бактериите, а покрај тоа ги избелува и забите.

Производ за чистење шминка – Кокосовото масло е одлично за чистење на шминката од вашето лице, а покрај тоа, истото ќе делува неверојатно благопријатно и релаксирачки на вашата кожа.

 

Балсам за усни – Негата на усните е особено важна во студениот период, па за истите секогаш да изгледаат негувани и нежни, нанесете малку кокосово масло полно со витамин Е со што ќе ја нахраните кожата.

Коментари

коментари