Со кои добри навики може да спречите мозочен удар?

Активниот живот, контролата на холестеролот и шеќерот во крвта, здравата исхрана, редовното мерење притисок, одржување на телесната тежина, се навики кои треба да ги имаат луѓето за да се заштитат и да го намалат ризикот од мозочен удар.

Резултатите од најновото истражување на американски лекари покажуваат дека доколку луѓето успеат да сменат некои од животните навики, големи се шансите да се намали ризикот од мозочен удар.

Во истражувањето кое го спровел експертски тим за проценка на ризик од мозочен удар учествувале 23.000 испитаници на возраст од 45 години и повеќе, а експертите се раководеле според препораките на Американското здружение за здравје на срцето, кое наведува седум фактори важни за здравјето.

Тоа се: активен живот, контролирање на холесторолот и шеќерот во крвта, здрава исхрана, редовно мерење притисок, одржување на телесната тежина и секако непушењето.

Во текот на петте години, колку што траело испитувањето, забележани се 432 случаи на мозочен удар кај испитаниците. Сите седум фактори притоа играле важна улога во предвидувањето на ризикот од мозочен удар, а најважниот фактор бил крвниот притисок, односно неговата висина.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.