Смртоносен вирус во Индија може да предизвика светска епидемија, досега над десетина починати!

Уште над 40 други лица биле заразени со вирусот, кој има стапка на смртност од околу 75 отсто, се вели во извештајот на Фокс њуз.

Здравствените работници сметаат дека појавата на болеста во државата Керала почнала со инфицирана „летачка лисица“, вид лилјак што се храни со овошје, а подоцнежните инфекции биле предизвикани од контакт меѓу луѓе.

Не постои познат лек или вакцина за нипа, кој предизвикува симптоми како треска, повраќање и грчеви. За да избегнат да бидат заразени од летачки лисици, граѓаните треба да го игнорираат овошјето паднато на земја, особено ако на него има знаци од канџи или заби.

Претходните епидемии на нипа беа забележани во Западен Бенгал и Бангладеш, околу 2.000 километри подалеку од сегашната епидемија. Експертите не се сигурни како вирусот завршил во Керала, особено затоа што на други места во јужна Индија не се откриени вакви случаи, па дури ни миграциските лилјаци не патуваат толку далеку. Некои експерти веруваат дека се раширила преку заразени смокви и урми, додека други велат дека притисоците врз популациите на летачките лисици можеби го активирале вирусот.

„Ова е причината зошто е толку важно да се најде изворот на оваа епидемија“, вели медицински службеник за Фирст пост. „Само ако одговориме на прашањето како дошол вирусот во овој дел од светот, ќе можеме да ги утврдиме научните мерки со кои ќе се осигури дека таква епидемија нема пак да се случи во близина. Инаку, не можеме да бидеме сигурни како и на кој начин овој вирус ќе се шири во иднина.“

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.