Смрдеа од искористени пелени ги испаничи и избрка пред зграда жителите во Скопјанка
Вистинска драма се одвиваше вчера во Скопјанка кога жителите на станбениот комплекс беа итно евакуирани откако почувствувале силна и непријатна миризба, по што со крпи и маски беа вадени од становите и до доцна седеа на улица.
Според анализите, она што ги испаничило жителите бил мирис на искористени пелени.
Мирисот на амонијак ги возбуди граќаните кои побараа помош од пожарникари и единици на АРМ за биохемиски отрови, предизвикан од големо количество валкани мелни пелени во еден од становите во зградата, во која живееле две старици од 90 години.
Службите ќе го исчистат станот од којшто произлегла миризбата на амонијак и ќе ја дезинфицираат целата зграда.
Шилегов најави помош за жените од станот.