Следуваат пеколни температури – Два дена жолта фаза во земјава

Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури при Министерството за здравство апелира до граѓаните во следните денови да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во текот на следните два дена целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта алертна фаза.

Граѓаните треба да се заштитат од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа, доколку е можно во светли бои кои ја рефлектираат светлината.

Се препорачува консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови. Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Во текот на ваквите екстремно топли денови, се препорачува граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.