Скопската Брза помош кубури со кадар и возила!

147

Една екипа на скопската Брза помош покрива 70.000 граѓани. Ова е 4 до 5 пати над стандардите. Службата кубури со кадар. Во смена работат десет тимови од лекар, медицинска сестра и возач, а според раководството на Здравствен дом за нормално функционирање потребни се повеќе екипи. Проблем е и недостигот на возила. Во моментот во Итната медицинска помош во Скопје функционални се само 9 комбиња, но и тие се со поодмината километража.
-Сметам дека Итната медицинска помош треба да се засили со екипи кои ќе бидат најмалку 15 во смена, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом Скопје.
Но, алармантната состојба со кадар и амбулантни возила во скопската Брза помош најверојатно ќе потрае уште два месеци додека да завршат локалните избори.
-Доколку ни дозволу антикорупциската комисијата веднаш ќе вработите кадар, но секако ќе го почитуваме нивното мислење, додаде д-р Мехмедовиќ.
Проблеми со недостигот на лекари нема само во Брзата помош туку потреба од специјалисти има во сите 8 скопски поликлиники.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.