Скопската Брза помош доби нови возила, ама нема кој да работи во нив!

Новите 6 возила што ги доби скопската Брза Помош се на паркингот пред службата.Опремени се само со кревети а медицинската опрема треба да ја достави Министерството за здравство. На терен ќе возат кога итната помош ќе добие лекари и сестри за екипирање на тимовите.

Најмалку еден месец Итната помош иако доби нови возила ќе функционира со сегашниот капациет. Здравствените власти најавија конкурси за вработување и прием на млади лекари за следниот период.

-Ќе бидат распишани конкурси за медицински сестри а снедните две три недели ќе биде и вработувањето на младите лекари кои се лиценцирани а невработени и согласно измените на ЗЗЗ ќе добијат 6 месечно вработување, изјави Венко Филипче, министер за здравсто

Изборите ги пролонгираа огласите за вработување а од Брза Помош поголем број на вработени заминаа во пензија. И покрај дуплирањето на бројот на возила, лекарите велат дека сме далеку  од евроспките стандарди според кои на 15 000 жители има еден тим. Службата сега функционира со 35 тимови.

-75 екипи е нашиот таргет за нудење на квалитетна здравствена заштита. Да, има дефицит на кадар, дефицит на екипи, но со засилувањето ќе се надминат проблемите, вели др. Злате Мехмедовиќ директор на Здравствен дом Скопје.

Министерот за здравство најави дека  ќе биде решено и преземањето на осум возила од Министерството за земјоделие кои ќе бидат пренаменети само за транспорт на пациенти.

Инаку, од новите 12 возила, освен скопската возниот парк го подновија и службите за Брза помош во Струга, Дебар, Кичево, Крива Паланка, Берово и Крушево.

Коментари

коментари