Скопската Брза помош дневно интервенира кај 5 до 7 лица со мозочен удар!

Екстремно високите температури го зголемија бројот на лица со мозочни удари. Дневно скопската Брза помош регистрира 5 до 7 граѓани со изливи. Најчувствителни на многу топлото време се хронично болните. Токму и кај нив се најголемиот број лекарски интервенции.
-Сите повици што ги имаме се кај хронично болни и компликациите кај нив. Имаме лесно зголемен број на мозочни удари, повици за покачен крвен притисок. Сепак главни, односно ударни пациенти се тие од групата на хронично болни, релативно послабо, но имаме и пациенти со инфаркти, изјави д-р Љубе Пајковски, шеф на смена во Брза Помош.
Од скопската брза помош информираа дека овој период дневно имаат по 100 интервенци.
-Нешто зголемен број на покани имаме денеска, моја претпоставка е дека следува намалување на температурите и метеоропатите го чувствуваат тоа, додаде д-р Пајковски.
Но, додека да дојде заладувањето викендот, Македонија и утре ќе биде во портокалова фаза со температури над 40-от степен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.