Скараџија во Скопје колабирал од горештините, зголемен бројот и на мозочни удари!

936

Скараџија во скопски угостителски објект колабирал од топлото додека подготвувал храна. Истото му се случило и на градежен работник додека бил на објект во градба. Екипи на Брзата помош само во главниот град дневно интервенираат кај најмалку пет лица кои поради екстремно високите температури онесвестиле. Сличен е и бројот на повици за мозочни удари.

-Деновиве имаме благ пораст на интервенциите за мнозочни удари, изјави д-р Ангелчо Јорданов, Брза помош Скопје.

Овој период поради температурите над 40 степени екипите на скопската брза помош имат повеќе работа во текот на денот, а навечер кога малку ќе освежи бројот на интервенции се намалуваат. Лекарите советуваат да се почитуваат препораките, да се јаде полесна храна, да се пијат повеќе течности пред се вода и да не се излегува без потреба надвор од 11 до 17 часот. За време на топлотни бранови да им се помага на старите и хронично болни лица кои живеат сами.

-Старите лица кои живеат сами да се посетат во нивните домови од страна на помладите соседи и да им се помогне доколку треба да им се купи нешто, за да не излегуваат надвор на овие високи температури, додаде д-р Јорданов.

За разлика од останатите години кога уште во првите денови од јули на јавни места паркови и шеталишта во попладневните часови беа поставувани пунктови за превентивни прегледи засега од Министерството за здравство нема најава дека овој проект ќе продолжи, иако многу граѓани токму на овие места прв пат дознале дека имаат висок притисок, а навреме беа спречени и неколку инфаркти.

 

 

 

 

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.