Скандалозно: 21 пациент повеќе од половина година лежеле на Институтот за туберкулоза, а болеста не им била дијагностицирана

21 пациент без потреба пиеле лекови за туберкулоза и лежеле во болница. Повеќе од шест месеци поминале на Институтот за ТБЦ, а заразната болест не им била дијагностицирана. Оваа скандалозна информација ја соопшти директорот на здравствената установа. Инаку и неговата специјалност не е за туберкулоза, туку е гинеколог-акушер.
-Лекарите неможат да препознаат ТБЦ. Немаме катедра за едукација на кадар, изјави д-р Предраг Божичковиќ, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Од институтот за проблемот го информирале и министерот за здравство и алармираат доколку не се превземат навреме мерки може да дојде до зголемување на бројот на заразени. Професорите од оваа здравствена установа едуцираат кадар на Универзитетот во Штип, но не и на медицинскиот факултет во Скопје.
Минатата година во Македонија регистрирани се 220 случаи со туберкулоза. Меѓу нив 10 се деца, а исто толку заболени откриени се и во затворите во земјава.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.