Сите 39 нови случаи со ХИВ/СИДА годинава во Македонија се мажи
Годинава сите 39 случаи со Хив/Сида во Македонија се мажи. Дури 31 инфекцијата ја добиле преку хомосексуален пат. Половината се од Скопје. Од новорегистрираните 4-ца имаат Сида, а 35 се Хив позитивни.
-Во 2017 година во Македонија имаме 30.211 тестирања за Хив, изјави прим. Д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ.
Од пред 3 децении кога во земјава беше регистритан првиот случај до денес евидентирани се вкупно 354 лица со Хив/Сида
-Од 206 пациенти на Инфективната клиника 197 или 96 проценти се на антиретровирусна терапија, изјави д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни болести
И покрај најавите од министерството за здравство дека за наредниот период обезбедиле средства за терапија за лицата со Хив, од невладиниот сектор бараат стабилно решение зошто најголемиот дел од лековите не регистрирани во Македонија.