Силно дејство против стареење на кожата

Цвеќе кое не венее, дури ни кога е набрано

Според Хомеровиот еп, грчкиот јунак Одисеј доживеал бродолом и останал заробен на остров. Кога конечно се вратил на феничкиот брег ја запознал убавата кралска ќерка.

Тајната на нејзината убавина била во исклучителното масло од цветот кој никогаш не венее, дури ни кога ќе го наберете. Според митовите, и грчкиот бог Аполон на влезот во Делфи носел тиара од посебен цвет, со кој сакал да го потсети светот на својата бесмртност.

Иако се тоа само легенди, познато е дека постои цвеќе кое не венее, дури ни кога е набрано.

Станува збор за смиље, билка која ја има во медитеранските краишта, особено на сончевите камењари.

Многу ја има и на јадранските острови кадешто традиционално се употребува како помош кај астма, мигрена, проблеми со црниот дроб и кожни заболувања.

Но, она по што е оваа билка најпозната е нејзиното силно дејство против стареење на кожата. Затоа козметичката индустрија е најголем корисник на скапоценото масло од смиље. За еден литар од ова масло, потребен е дури тон свежи цветови.

Иако е погодно за користење кај многу болести, најпопуларно е како средство против брчки, дамки и други знаци на стареење на кожата.

Маслото од смиље се користи традиционално во медитеранските земји како Хрватска, Италија и Франција. Најмногу се користело за лекување на рани, инфекции, проблеми со варењето, како и за подобрување на нервниот систем, здравјето на срцето и респираторната состојба.

Најкорисни делови од билката се листовите и цветовите па на смиљето му се припишувале и лековити својства за лекување на проблеми со жолчниот меур, алергии, настинки, несоница, болести на црниот дроб.

Сепак, сѐ уште не се направени многу истражувања за тоа како дејствува маслото од смиље на луѓе, па не е познато колку ниту пак како треба да се употребува смиљето против одредени болести.

Не е со сигурност потврдена ниедна болест која смиљето би можело да ја излечи, но поради противвоспалителниот ефект што го поседува, маслото од смиље може да се користи за нега на кожата, а кај некои луѓе се покажало ефикасно и за воспаление на мускулите и зглобовите, па може да се користи и за тие цели. Исто така, смиљето се користи и како зачин, а од него се прави и вкусен мед.

Освен на кожата, маслото од смиље има позитивни ефекти и кога станува збор за затнати дишни патишта, астма и бронхитис.

Помага во отстранување на слуз од дишниот систем, како и во елиминација на долготрајната кашлица. Познато е по тоа што позитивно делува на емоционалното здравје, ги елиминира стресот и напнатоста.

Се смета дека помага и во исфрлањето на тешките метали од организмот, како и во лекувањето на зависности.

Тоа е едно од најдобрите средства против подливи и модринки, дури и оние кои побавно поминуваат.

Останатите болести кај кои помага маслото од смиље се флебитис, едем, проблеми со циркулацијата, еритроза, цијаноза, капилари, капрален тунел, артритис, ревматизам, хепатитис, цироза, висок холестерол, рани, егзем, псоријаза, росацеа, хемороиди, изгореници од сонце…

За уште подобри резултати кога станува збор за смирување и лекување на кожата, маслото од смиље обично се комбинира со масло од лаванда. Успешноста на оваа комбинација има и логика кога ќе се земе предвид дека тие виреат во исти услови, на камена подлога и често растат токму едно до друго.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.