Што значи фразата „станал на лева нога“!?

217

Според верувањата, левата страна води кон разврат и зло (Ѓаволот), а десната страна пак, кон напредок и среќа (Бог).

Многу често се користи фразата „станал на лева нога“, што би значело дека тој не е добро расположен или пак дека денот едноставно не му е добар.

Верувањето за левата и десната страна доаѓа од старите Римјани кои верувале дека ако со левата нога го допрете подот кога станувате, денот ќе ви биде баксузен и ништо нема да ви оди од рака. Затоа Римјаните се труделе секогаш кога стануваат од спиење, да станат на десната нога, а исто така и кога влегувале дома влегувале прво со десната нога, за да не си предизвикаат несреќа или пак зло во домот.

Интересно е и тоа дека англискиот збор „sinister“ што значи злобен или грешен, доаѓа од латинскиот јазик каде што „sinister“ во превод значи „лев“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.