Што треба да прават жените кои одат на вештачко оплодување?

Навиките за спиење тесно се поврзани со животниот стил, здравјето но и со плодноста на жената, тврдат научници од Центарот за репродуктивна медицина во Бостон. Тие ги анализирале податоците од 656 жени кои оделе на вештачко оплодување и констатирале дека редовната рутина на спиење значително ги зголемува шансите за бременост..
Жени кои не спијат помалку од седум ниту пак повеќе од осум часа на ден, секој ден, вклучувајќи ги и викендите и стануваат во исто време имаат 25 отсто поголеми шанси за зачнување, тврдат научниците. Исто така, истражувањата покажале дека недостатокот на сон има полош ефект врз плодноста отколку премногу спиење.
– Луѓето кои нередовно спијат имаат и нередовна исхрана а сето тоа ги намалува шансите за бременост, тврдат научниците.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.